Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>16 ноември 1971 година

Почеток на една приказна долга 37 години (4*видео)

» Точно пред половина век во Крагуевац започна производството на Zastava 101. Автомобилот беше покажан пролетта истата година на салонот на автомобилите во Белград како југословенски производ иако всушност беше петвратна верзија на Fiat 128 која Италијанците ја отфрлија и добар дел од неговиот развој беше завршен во Италија. Но токму тоа му беше и предноста – модерната концепција и современата механика го задржаа практично непроменет во производство сé до 2008 година. Беа направени вкупно 1.045.458 примероци од кои 224.851 беа извезени. Најдобра година беше 1979-тата кога од фабричките ленти се симнаа 88.918 примероци, а најмногу возила, вкупно 33.520, се извезени во Полска каде се монтираше.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *