Tags: , , , ,
Ова може да биде само во Америка (видео)

Добар совет злато вреди, ама…

» Просто човек да не поверува – објаснуваат како да се заштеди гориво на електричен автомобил! Во ова време кога цените на горивата ги рушат сите рекорди, добар совет за тоа како да се заштеди некој грам гориво навистина злато вреди. Едни од многуте што се нафатија да го споделат своето знаење со обичните возачи како да се заштеди гориво се и авторите на доста популарната емисија The Today Show која секој ден во раните утрински часови се емитува на NBC каналот ширум цела Америка. А што видоа околу 3,3 милиони Американци колку што им е гледаноста, покажува видеото во кое советите за штедење на гориво, пласирани под насловот „Како да се извлече максимум од резервоарот со бензин“, се демонстрирани на Ford Mustang Mach-E, кој, како што добро ни е познато, е електричен… А советите како да се заштеди гориво навистина им се издржани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *