Tags: , ,
Полиција го бркала, а тој спиел зад воланот

Доказ дека автономните возила се безбедни или небезбедни?

» Несекојдневен случај во Германија – додека полиција го бркала, возачот спиел зад воланот на својот автомобил кој се движел сам. Станува збор за Tesla која има сериозни автономни можности. Нема да дискутираме дали ова е доказ дека автономните возила се безбедни или пак доказ дека се небезбедни – тоа ќе им го оставиме на моралистите, за нас ова е доказ дека има неодговорни луѓе. А овој за кој пишуваме има 45 години и возел со пристојни 110 километри на час на автопат. Според полицијата која со сирени цели 15 минути се обидувала да го разбуди можно е да бил под дејство на дрога. Што ќе следи, ќе каже судот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *