Tags: ,
Автоплин (видео)

Што е добро, а што може да биде лошо?!

» Вградување плинска инсталација во автомобилот на многумина им се чини како добра идеја, а на крај тоа и е. Со сите атести и дополнителни трошоци кои на многумина им се чинат нелогични, овој погон и гориво на крајот сепак се поевтини од класичниот бензински. Еве неколку важни технички детали поврзани со плинот во возилата.

Возила со фабрички вграден плин:

  • одржувањето на плинскиот систем може да се направи во овластен сервис заедно со сервисирањето на возилото, нема потреба посебно да одите во сервис за плинскиот уред
  • при избирањето на кој мотор ќе се стави плин производителот водел сметка за тоа кој е поотпорен на поголемите топлински оптоварувања
  • не се губи гаранцијата што често е проблем ако дополнително се вгради плин во ново возило
  • трошоците  за одржување првите години во пракса не се значително поголеми отколку трошоците за одржување на возилото со бензински мотор – за плинските инсталации треба сериозен сервис дури после одредено време

Дополнително вградување плин во возилата:

  • потребно е да се провери дали моторот е погоден за вградување плин
  • постои можност за појавување на проблеми кои можат да го поскапат одржувањето на возилото до неисплатливо ниво
  • стриктно треба да се почитува распоредот за сервисирање што го одредил производителот на плинскиот уред со што би се избегнале низа проблеми

Зошто да се вгради плин?

  • економично возење
  • еколошки поприфатлив од бензинот
  • поголема автономија со два резервоара за гориво

Дополнителното вградување плински уред е попогодно за постарите возила, не само заради трошоците за гориво туку и заради тоа што за нив се достапни повеќе и поевтини делови – половни или заменски, како финансиска превентива ако дојде до посериозен дефект предизвикан со нестручно вградување или лошо одржување на плинскиот систем. Препорака е и на секој трет резервоар плин да се потроши резервоар бензин за да се избегнат можни дефекти на системот за напојување. Исто така е препорачливо резервоарот за бензин да не се празни под ⅓ за да се обезбеди ладење на бензинската пумпа во него.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *