Ќе се вика #1
» Минатата година на салонот на автомобилите во Минхен Smart го претстави концептот на електричниот кросовер кој треба да биде прв во низата нови автомобили према кои оваа сега кинеско-германска компанија ќе биде ориентирана во иднина. Не помина долго време за јавноста да се потсети дека неговите тестирања се одвиваат со полна пареа и дека моделот чие име ќе биде едноставно #1, е подготвен годинава да зачекори во светот, започнувајќи ја воедно и трансформација на марката согласно договорот меѓу Geely и Mercedes.
Smart #1 може да се пофали со коефициент на аеродинамичен отпор од 0,29. Во поглед на дизајнот и габаритите не се очекуваат големи отстапки од концептот кој беше долг 4,3, широк 1,9, висок 1,7 и имаше меѓуоскино растојание од дури 2,75 метри со кратки преден и заден превис овозможени од електричниот погон, што на малиот автомобил му дава релативно пространа внатрешност. Треба да се одликува со разни модерни технолошки решенија како на пример отворањето на вратата од багажникот само со допир на прст. За погонскиот систем ништо официјално не се знае иако некои споменуваат 260-коњски електромотор сместен назад и батерија од 70 kWh со автономија од 320 километри. Она што јасно се знае дека ќе се произведува во Кина.