Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>28 септември 1982 година (видео)

Четири децении во центарот на вниманието

» На денешен ден пред 40 години на салонот на автомобилите во Париз Opel ја претстави Corsa. Со својот напреден концепт малиот автомобил беше полн погодок и веднаш стана продажен адут на марката. Пристигна доста покасно од своите германски конкуренти од класата мали автомобили и ја прошири понудата на Opel во вистинската насока. За неа беше изградена нова фабрика во Шпанија каде и ден-денес се произведува. Од шесте генерации на Corsa досега се продадени повеќе од 14 милиони примероци, најмногу од втората.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *