Tags:
Денешниот ден во ретровизор <br/>29 септември 1913 година (2*видео)

Самоубиство или ликвидација?

» На денешен ден 1913 година Рудолф Дизел од Белгија тргна за Велика Британија, вечераше на бродот и оставајќи порака кога да го разбудат отиде на спиење. Но утредента неговата кабина беше празна, креветот наместен а часовникот оставен на масичката покрај него – од творецот на дизел моторот немаше ни трага. Под оградата на задната палуба беа пронајдени неговата капа и уредно превитканиот капут, заради што се смета дека се самоубил. Сепак постои теорија и дека агентите на германската тајна служба го имаат ликвидирано за да спречат Британците во предвечерието на првата светска војна да го искористат неговиот талент за стекнување стратешка предност. Десет дена подоцна покрај брегот на Холандија беше пронајдено тело кое беше непрепознатливо, но од личните предмети се заклучи дека тоа е Рудолф Дизел.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *