Tags: ,
Renault Austral: Волчја кожа, јагнешка душа

Многу сличности со Megane E-Tech

» Во пресрет на премиерата која е закажана за 8 март, Renault ни го сервираше најдобриот поглед на претстојниот Austral кој ќе го замени Kadjar. Скицата открива лице инспирирано од Megane E-Tech на која уметнички се нагласени пропорциите и карактеристиките со масивни тркала и агресивна форма, но сепак таа ни дава верна иако малку груба претстава за стилот на серискиот модел. Присуството на мотор со внатрешно согорување резултираше со поголема маска во која навлегуваат продолжетоците на ЛЕД светлата, а големите отвори за воздух во браникот и извајаната хауба се во духот на најновиот дизајнерски јазик на марката. Од порано знаеме дека Austral ќе има должина од 4,5 метри и дека ќе биде достапен само со електрифицирани бензински мотори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *