Tags: , , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>13 август 1959 година (2*видео)

Пресвртница во автомобилската безбедност

» На денешен ден 1959 година беше испорачан првиот автомобил со сигурносни појаси на три точки, Volvo PV544. Овој изум на шведскиот инженер Нилс Болхин беше пресвртница во автомобилската безбедност. Идејата за сигурносни појаси со кои патниците во автомобилите во случај на судар ќе ги избегнат или барем ќе ги намалат наглите движења и ударања во каросеријата и стаклата постоеше одамна пред тоа, но имаше многу противници. Така на пример инвеститорите не дозволија вградување на сигурносни појаси во револуционерниот Tucker бидејќи сметаа дека со тоа на купувачите би им испратиле негативна порака за безбедноста на овие автомобили. Некои тркачи користеа појаси, но повеќето сакаа да можат во случај на несреќа брзо да го напуштат автомобилот. Сé тоа се смени со сигурносниот појас на три точки, кој има спасено милиони човечки животи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *