Мал автомобил, големa слава
» На крајот на ’60-тите и почетокот на ’70-тите години Fiat 500 ја постигнуваше својата најголема продажба, но Италијанците беа свесни дека е време за замена за веќе остарениот модел. За таа цел беше развиен 126, кој користеше добар дел од неговата механичка основа. Иако имаше исто меѓуоскино растојание, новата модерна каросерија и неколкуте технички зафати му обезбедија попространа кабина. Двоцилиндричниот воздушно ладен мотор до 594 cm³ развиваше 23 KS, доволни за максимални 106 km/h. Својата најголема слава ја стекна во Полска каде како национално возило се произведуваше до 2000 година. Го произведуваше и Zastava, а едно кратко време и во минимални количини и австрискиот Steyr-Puch. Вкупно беа направени 4.673.655 возила, најмногу (повеќе од 3,3 милиони) во Полска.