Tags: , , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>31 октомври 1957 година

Еден од „најамериканските“ американски автомобили

» Chevrolet Impala се појави како специјална славеничка изведба на Bel Air по повод 50-годишнината на General Motors. Беше позициониран на врв на гамата и со својот луксуз и раскошните линии веднаш ги освои Американците, дотолку што со текот на годините стана еден од најдобро продаваните автомобили на домашниот пазар. Првата генерација се произведуваше во пет фабрики во спорт-купе и кабриолет изведби со две врати. Должината му изнесуваше 5,3 метри, широчината 2 а имаше меѓуоскино растојание од 3 метри. Стандардно се нудеше со 4,6 литарски V8 во верзии со моќност меѓу 185 и 250 коњски сили, а опционално со 3,9 литарски шестцилиндричен мотор со 145 коњи и со 5,8 литарски V8 кој испорачуваше меѓу 250 и 315 коњи. Менувачот беше три или четири степен мануелен или дво и тристепен автоматски. Се произведуваше само една година за која беа направени 55.989 кабриолети и 125.480 купеа, додека наредните генерации во некои години достигнаа и милионско производство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *