Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>24 ноември 1956 година

Велика Британија ги укина возачките испити

» На денешен ден 1956 година Велика Британија ги укина возачките испити и можеше да се вози без возачка дозвола. Причината за оваа времената мерка која траеше до април наредната година беше суецката криза и воведувањето на купони за набавка на гориво, за чие издавање имаше недостаток од персонал за што беа ангажирани испитувачите за полагање за возачка дозвола.

Возачките испити во Велика Британија се воведени во 1930 година само за инвалидизираните лица, за да во 1934-та бидат воведени за сите, но на доброволна основа – полагањето возачки испит стана задолжително наредната година. Возачките испити во Велика Британија исто беа укинати и за време на втората светска војна, како и на два пати по неколку месеци сега, за време на најсилните бранови на пандемијата.

Интересен факт е дека до 1996 година во Велика Британија не се полагаше теоретскиот дел од тестот, туку возачот одговараше на прашања што испитувачот му ги поставуваше за време на возењето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *