Tags:
Германија најавува милион полначи

Голема инвестиција во електричната иднина

Според здружението на европските производители на возила ACEA, во моментов во Европа на главните патни правци се инсталирани 370.000 полначи за електричните возила. Нивниот недостаток сериозно може да ја загрози електрификацијата заради што Европската унија посветува големо внимание на подобрувањето на инфраструктурата. Како обврска се наметнува на секои 60 километри да има по една станица за полнење, и тоа со минимална моќност од 50 kW еднонасочна струја. Германија пак како земја која треба да биде најнапредна си постави други цели – до 2030 година да се зголеми бројот на полначи за 14 пати, односно од сегашните 70.000 на милион. Од ресорното министерство истакнуваат дека со овој план ќе бидат покриени не само главните туку и споредните патишта. За таа цел за првите три години е предвидено инвестирање на 6,3 милијарди евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *