Прв степен на автономно возење
» Адаптивниот темпомат за кој општо се користи кратенката ACC од англискиот Adaptive Cruise Control е паметен систем кој автоматски ги одржува брзината и растојанието од возилото напред и по потреба забрзува или кочи. Тоа го овозможува радарот вграден на предниот дел од возилото кој постојано ја мери оддалеченоста од возило што вози напред. Доколку растојанието се намали тој испраќа сигнал до електрониката која ја намалува брзината, а ако треба ги активира и сопирачките. Доколку возилото напред забрза и возило што го возиме ќе забрза сé до брзината која е поставена на темпоматот. Адаптивниот темпомат е основа за автономното возење и возилата опремени со него се сметаат како автономни возила од прво ниво. Прв ваков систем со радар кој може да забрзува и кочи воведе Mercedes во S-класата од серијата W220 од 1999 година