Tags: , ,
Интелигентни лежечки полицајци (видео)

За поголема безбедност во сообраќајот

» Шпанската компанија Badennova има развиено посебен лежечки полицаец кој претставува голем исчекор за безбедноста во сообраќајот. Негова специфичност е што е наполнет со посебна течност чија вискозност односно тврдина зависи од брзината со која се преминува преку него. Доколку се вози бавно течноста во него се истиснува под притисокот на тркалата и тој практично се порамнува со асфалтот, така што возачот нема ни да го забележи. Но ако брзината е поголема течноста се стврднува и тој ќе се однесува како било кој друг лежечки полицаец. Од шпанската компанија велат дека овој материјал е исклучително флексибилен и отпорен на удари, но нема вести за тоа како се има покажано во практична експлоатација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *