Tags: ,
Волга тролејбус

Кога ќе се спојат практичното со корисното

» Во раните ’80-ти, кога Советите активно експериментираа со електричните автомобили, се роди идејата да се создаде „такси со рогови“ со намера да се намали амортизацијата на трамваите кои на Кримскиот полуостров вон сезоната возеа попупразни. Првобитно беше планирано да се конвертира минибус, но младите иноватори од фабриката за автобуси во Рига, Латвија, не можеа да најдат стар примерок а раководството на компанијата не им даваше нов. Во исто време една такси компанија расходуваше стари возила, меѓу кои и оваа Волга која имаше добро зачувана каросерија. За да се претвори во трамвај беа потребни нешто повеќе од еден месец, по што во октомври 1982-рата овој автомобил започна да сообраќа. Тоа траеше до јуни наредната година, кога цела комисија стручњаци од разни претпријатија се собраа да го анализираат. Нормално, беа критикувани полузанаетчиската изведба и слабиот мотор од 25 киловати, но автомобилот-трамвај сепак беше детално испитан. На крај му пресуди проценката дека неговото воведување не би било економски оправдано – инвестициите во организацијата на производството, обуката на работниците, проширувањето на палетата резервни делови и сé друго повлекуваа огромни трошоци кои можеа да се повратат за некои 20 години. Уникатниот автомобилот-трамвај продолжи да им служи на граѓаните уште осум години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *