Трик-решение за повисок степен на компресија
» Четиритактните мотори остваруваат корисна работа само во еден такт, третиот, со експанзијата при согорувањето на горивото, а во останатите три трошат енергија. Најмногу во вториот такт кога клипот ја набива смесата на бензин и воздух, при што потрошената енергија се зголемува пропорционално со степенот на компресија. За да се намалат загубите и зголеми ефикасноста на клипните мотори, британскиот конструктор Џејмс Еткинсон уште во 1882 година има развиено процес на работа, во негова чест наречен еткинсонов циклус.
Клучен за оваа концепција е разводниот механизам. Разликата во споредба со класичниот ото циклус е само во вториот такт во кој всисните вентили се затвораат кога клипот ќе помине 20 отсто од вкупниот од – останатите три такта се еднакви. Со задоцнетото затворање на всисните вентили се овозможува намалување на реалниот работен волумен во кој во вториот такт се троши енергија за компримирање на смесата. Во третиот (работен) такт се користи целиот волумен бидејќи гасовите експандираат низ сите 100 отсто од одот на клипот, со што се зголемува ефикасноста. Тоа значи дека губитоците во моторот се како да има 1,2 а корисната работа како 1,5 литри.
Овој принцип на работа доста одговара за примена кај хибридните возила и затоа еткинсоновите мотори често се среќаваат кај нив.