Автомобилот предупредува со звуци

Не ги игнорирајте звуците од автомобилот

» Автомобилот често се огласува со необични звуци и шумови – како да сака да предупреди на неправилност во работата или дефект на некој склоп. Важно е по звукот да се препознае дали нешто не е во ред бидејќи ако дефектот се открие во почетна фаза трошокот по правило не е голем. Што значат карактеристичните звуци?

  • Свиркањето во празен ôд укажува на оштетување на клинестиот каиш кој ако се скине може да предизвика сериозни оштетувања
  • Ако звукот е со подлабок тон налик на завивање и се зголемува со бројот на вртежите, се работи за истрошено лежиште на алтернаторот или водената пумпа кое веднаш треба да се поправи бидејќи може да се оштетат оската и роторот, а водената пумпа може во секој момент да откаже
  • Ако во возењето слушнете завивање или стругање кое се менува со брзината и свртувањето на управувачот а престане кога автомобилот ќе застане, се работи за лежиште на предните тркала кое го зголемува динамичкото оптоварување и може да ги оштети споните
  • Ако при отпуштање на педалата на спојката автомобилот почне да се тресе, причината е во нерамномерно потрошената ламела, потисна плоча или површината на замаецот – не одолговлекувајте со поправката бидејќи проблемот ќе се зголемува
  • Крцкањето при свртување укажува на оштетување на хомокинетичкот зглоб кој најчесто страда заради оштетена манжетна чија улога е да го задржува мазивото во зглобот и спречува валкањето на лизгачките површини со кугличките
  • Ако при кочење се слуша метално стругање треба да се провери истрошеноста на облогите на сопирачките и по потреба веднаш да се заменат бидејќи се оштетуваат дисковите
  • Пукањето од издувниот систем укажува на проблеми со палењето – треба да се проверат состојбата и зјајот на свеќичките и аголот на претпалење
  • Ако во празен ôд моторот засилено тропа со метален звук а има ланец за задвижување на брегастата оска, проблемот е во него
  • Звукот налик на ‘так-так-так…’ укажува на пореметен зјај на вентилите
  • Штракањето на моторот настанува заради лошо гориво, односно негова прениска октанска вредност
  • Ако при преминување преку нерамнини се слуша тропање, најверојатно откажале топчестите зглобови, гумените придушувачи или амортизерите кои секогаш треба да се менуваат заедно во пар, и на левата и на десната страна

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *