Tags:
Сте слушнале ли за Road Rover?

Дали патничките модели на Land Rover ќе бидат означени како Road Rover?

» Пред четири-пет години, Tata како сопственик на Jaguar Land Rover го заштити името Road Rover. Историјата вели дека така се викал проектот од ’50-тите години со кој Land Rover експериментирал со поголем модел од тогаш единствениот рурален теренец, кој, бидејќи не му било време, бил прекинат за подоцна од истата идеја да се изроди Range Rover. Сегашноста не вели ништо бидејќи ретки се тие што слушнале за Road Rover, но иднината можеби ќе каже нешто друго. Според информациите од пред пет години кога беше заштитено ова име, Road Rover требаше да биде нов бренд во индискиот концерн кој ќе влезе во ринг со Audi, BMW и Mercedes. Според нивните проценки тоа име е многу поприкладно отколку користењето на постоечките Land Rover и Range Rover заради имиџот кој го имаат стекнато како марки кои нудат само теренски возила. Новиот бренд требаше да застане покрај Jaguar исто како што меѓусебе се позиционирани Range Rover и Land Rover, а сржта на гамата би се состоела од патнички автомобили. Тогаш се споменуваше дека првиот, направен на основа на XF, треба да се појави во 2021-вата, но многу нешта ги расипаа плановите, пред сé пандемијата, а се вмеша и електриката. Дали сé уште постојат шанси нешто од нив да се реализира, не знаеме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *