Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>4 април 1959 година

Најгрдиот автомобил на салонот во Њујорк ’59-тата

» На денешен ден 1959 година на салонот на автомобилите во Њујорк британскиот Daimler го претстави моделот Dart, кој од страна на публиката беше прогласен за најгрд автомобил на салонот. На неговото појавување реагираше Dodge, заради што Daimler мораше да му го промени името во SP250, што беше неговата техничка ознака под која беше развиван. Сето ова требаше да биде јасен сигнал дека овој отворен двосед со пластична каросерија и 2,5 литарски V8 мотор кој беше последен пред компанијата да биде продадена на Jaguar, ќе го следи баксуз – беше планирано да се произведуваат по 3.000 возила годишно од кои две третини би се продавале во САД, но до 1964 година беа продадени вкупно 2.654 примероци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *