Tags:
Седете ли правилно?

Совети за правилно седење

» Иако повеќето од нас мислат дека имаат добра позиција на седење во автомобилот, тоа обично не е вистина. Исправната позиција на седење е неопходна за безбедно возење. Возачот мора да биде во можност да ги дофати сите контроли без потреба за истегнување или неприродни движења. Еднакво важно е да се биде на оптимална оддалеченост од управувачот, а со тоа и од воздушната перница. Во случај на нејзино активирање таа не смее да дојде до контакт со телото кога се полни или во точката на максимална тврдост, туку во точно одреден момент кога започнува да издишува.

Важни се и наслоните за глава. Ако нивната големина и висината на лицето дозволуваат, идеално е врвот на наслонот да биде на височина на врвот на главата. Ако патникот е повисок наслонот може да биде поставен малку пониско, но никако под нивото на ушите. Друг важен аспект е и висината на седиштето – тоа треба да биде подигнато толку колку стисната песница да собере меѓу главата и таванот на автомобилот. Со тоа се намалува можноста за повреди на горниот дел од ‘рбетот ако автомобилот се преврти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *