Неколку совети за правилно користење на клима уредот

За попријатно лето

» Без разлика што е автоматски, за најдобро да се искористи клима уредот во возилото треба да се знаат некои работи за него. Еве неколку совети како правилно да се користи.

Искористете ги предностите на автоматската климатизација во целост

Автоматската климатизација користи низа сензори за да обезбеди постојан топлотен ефект, без оглед на тоа дали во возилото се наоѓа само возачот или повеќе патници. Користењето е едноставно – притиснете го копчето Auto и подесете ја температурата, најдобро на 22° C. Модерните системи ја регулираат работата на компресорот според моменталните услови. Одржувајќи ја температурата пријатна, со вклучувањето по потреба се намалува и бучавата што ја создава вентилаторот. При тоа, ако кај мануелните клима уреди треба да се зголеми неговата брзина кога стаклата ќе започнат да се замаглуваат, автоматските го спречуваат тоа уште пред да настане.

Повеќезонската контрола на климатизацијата не треба да се смета како луксуз

Сите ние ги чувствуваме топлината и студот на нешто поинаков начин – некои сакаат да им биде постудено, а на други пак им пречи ладниот воздух. Тоа може да се реши со посебно подесување на клима уредот по зони во возилото. Дво и трозонските системи со своите сензори ги следат подесените параметри за секој дел од возилото посебно и според нив ги прилагодуваат температурата и насоката на воздухот.

Прикажаната температура не одговара на вистинската

Избраната температура е само информација потребна за подесување на клима уредот и не значи дека воздухот што дува е со токму таа температура – тој на зима е многу потопол, а на лето постуден. Покрај тоа, модерните климатизациски системи не само што ја прилагодуваат температурата, туку и брзината и насоката на воздухот. Затоа е и можно клима уредот посебно да се подеси за возачот, совозачот и задните седишта.

Влијанието на климатизација на потрошувачката

Со автоматската регулација на интензитетот со кој работи компресорот на клима уредот, неговото влијание на потрошувачката се сведува на минимум. Кај постарите системи компресорот постојано работеше и воздухот дуваше со ист интензитет, заради што повремено беше потребно подесување на температурата и брзината на вентилаторот. Во однос на тоа прашање, денешните системи се многу понежни према човечките чувства.

Климатизацијата и здравјето

Бидејќи автоматските системи за климатизација го користат само потребниот разладен капацитет, сите негативни влијанија на здравјето не доаѓаат толку од самата опрема туку произлегуваат од нејзината несоодветна примена. Всушност одржувањето на климата во возилото позитивно влијае на возачот кој е поконцентриран и посмирен. Клима уредите се опремени со филтри кои заедно со можноста за рециркулација на воздухот ја прават околината во автомобилот почиста, помагајќи им не само на оние кои страдаат од алергии, туку ги спречуваат и непријатните мириси.

Клима уредот е корисен и на зима

Бидејќи клима уредот го суши воздухот, тој е корисен и на зима кога во возилото се собира влага од надворешниот воздух и од нашата облека. Некои возачи воопшто не размислуваат за вклучување  на клима уредот кога надвор е студено, сметајќи дека возилото треба да се загрее а не да се разлади. Клима уредите имаат сензор за влажност на воздухот кој веднаш препознава дали има потреба за негово сушење.

Рециркулација на воздухот

Малкумина знаат дека во автоматски режим на работа и рециркулацијата на воздухот се вклучува автоматски. Со тоа се обезбедува повторно филтрирање на воздухот во кабината и спречува замаглувањето на стаклата – ако постои можност за тоа, рециркулацијата сама се исклучува.

Користете квалитетни филтри

Постојат неколку видови на филтри – најквалитетните користат активен јаглен за апсорпција на ситните нечистотии, а делуваат и антибактериски.

Отворете ги сите отвори за вентилација и наместете ја насоката на воздухот

Наместо со затворање на поединечни отвори за вентилација, подобро е протокот на воздухот да се прилагоди така внатрешноста рамномерно да биде вентилирана. Кај современите автомобили ветробранското стакло не се замаглува бидејќи го надгледува сензор за влажност. Меѓутоа на дожд страничните стакла лесно се замаглуваат. Ризикот од кондензација на влагата на нив се намалува кога воздухот правилно поминува меѓу стаклата и патниците.

Не занемарувајте го одржувањето на системот за климатизација

Редовното сервисирајте го системот за климатизација со преглед на сите компоненти и дополнување и замена на разладниот флуид. Важно е да се направи и дезинфекција и филтерот во кабината да се замени. Совршено време за ова е пролета или на почетокот на летото, бидејќи после возењето по снег и на дожд во системот може да се појават непријатни мириси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *