R како ракета од Волфсбург
» По чуден тек на нештата, Volkswagen го претстави новиот Golf R од осмата генерација најпрво во САД – европското соопштение за јавност се чека денеска. Да биде уште почудно, на американската јавност им се сервирани податоците за европската верзија. Но тоа воопшто и не е битно – она што е битно е дека VW Golf R располага со 320 KS кои ќе го дотераат до 270 km/h, со што станува најбрзата и најсилна верзија на Golf 8, барем засега. Силата му доаѓа од во Arteon R и Tiguan R веќе одомаќинетиот 2.0 TSi турбо мотор, најсилниот од EA888 серијата. Располага со за 20 KS повеќе од претходникот, додека максималниот вртежен момент му е покачен на 420 Nm, кои ги остварува при 2.100 до 5.350 вртежи во минута. Трансферирани на сите тркала преку шестстепен мануелен или седумстепен DSG менувач, ќе го забрзаат до 100 km/h за само 4,7 секунди и дотераат до максимални 250 km/h. На оние на кои ова не им е доволно, може да се добие со R-Performance пакет кој ќе го ослободи од електронската блокада до споменатите 270 km/h.
Унапреденото подвозје со Torque Vectoring систем, динамичка контрола на шасијата, XDS диференцијал и прогресивно управување се дополнети со шест режими на возење, меѓу кои и Special и Drift – првиот за освојување на Нирбургринг, а вториот и сами знаете за што. За сé да помине во ред се грижат дисковите на сопирачките кои нараснаа на 357×34 милиметри со електронско серво засилување кое зависи од брзината. Однадвор Golf R веднаш се препознава како таков. Дури и оние што не се упатени во проблематика ќе сфатат дека се работи за ракета од Волфсбург. Истото е и кога ќе се разгледа внатрешноста. Колку ќе чини нема да знаеме уште денес, бидејќи од утре VW започнува со примање нарачки за него.