Tags: ,
Пожарот на бродот му направи штета на Volkswagen од дури 282 милиони долари
 

Нема што повеќе да изгори

» Пожарот стивна, штетата се вивна – откако минатата среда дојде до пожар на бродот кој пренесуваше автомобили на групата Volkswagen до САД, на него веќе нема што да изгори. Обидите да се изгасне беа слабо успешни бидејќи, како проценуваше капетанот на бродот, пожарот го одржуваа батериите на електричните возила кои ги пренесувал. Се проценува дека во беснеењето на пожарот се изгорени 75 отсто од вкупно 3.965-те автомобили, меѓу кои околу 1.100 Porsche, 189 Bentley, нешто малку Lamborghini, а останатото Volkswagen и Audi. После ова, проценките за штетата се искачија на 282 милиони долари, без трошоците за санација на бродот и околината и самите трошоци за акцијата за спасување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *