Колку се исплаќа да се чека модел од нова генерација?

Има причини и за, и против

» Одговорот на прашањето колку се исплаќа да се чека модел од нова генерација не е едноставен – има причини и за и против, па проценете сами.

За

Новиот модел ќе биде актуелен шест до седум години за кои цело време ќе имате автомобил од новата генерација, што му ја чува вредноста и осигурува атрактивноста. Новиот модел ќе стигне и со нови генерации на сите битни системи кои ќе му овозможат подобро исполнување на безбедносните и еколошки норми и поврзување со новите инфо-забавни системи. Новата генерација исто така има подобри перформанси и пониска потрошувачка.

Против

Познато е дека моделите од последната моделска година се најквалитетни и најиздржливи бидејќи кај нив систематски се исправани сите грешки и пропусти, додека пак моделите од новата генерација во првата пазарна година повеќе или помалку страдаат од дечки болести. Чекањето на нов модел значи и пропуштање на акциските цени кои по правило се најниски во последната година, додека пак новиот модел ќе биде најмалку за неколку отсто поскап од редовната цена на стариот, со што разликата во цената станува значајна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *