Tags: , , , ,
Најлесниот електричен суперавтомобил е од Индија (видео)

Има 722 KS а тежи 738 kg

» Ангелски лесен, ѓаволски моќен – така со своите 722 KS и 738 kg наједноставно може да се опише овој електричен суперавтомобил од Индија. Доаѓа од марката Vazirani од Мумбаи, која во блиска иднина би можела да стане светски позната доколку овој нивни модел наречен Ekonk успее да стигне подалеку од единствениот прототип кој засега постои. Со име кое во превод ја означува големата експлозија од која настанала вселената, тој има каросерија направена од јагленородни влакна и до 100 km/h забрзува за 2,54 секунди. Дел од тајната на малата тежина е посебно развиениот систем за воздушно ладење на батериите. Производителот не дава други податоци, но вели дека за нив Ekonk го означува вистинскиот почеток бидејќи за разлика од првиот модел Shūl од пред три години кој веднаш по претставувањето беше покриен со правот на историјата, тој има производствен потенцијал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *