Tags:
Го гледате новото лого на Citroen
 

Ретро дизајн за почит кон традицијата

» Ако треба да издвоиме некои марки автомобили кои имаат оставено длабоки траги во автомобилската историја, Citroen сигурно ќе биде на врвот. Затоа и сите нејзини љубители ќе ја поздрават одлуката логото на марката да се врати некој век наназад и со својот ретро дизајн да потсети кое е нејзиното наследство. Премногу ќе биде долго сега да потсетуваме на него – најпрочуените модели на Citroen сé уште се возат. Ова лого, десетто по ред во 103-годишната историја, е верна интерпретација на изворното од 1919-тата. Стилизирано ги покажува запците на стрелестите запченици, кои иако не се изум на основачот на марката нему му се припишуваат заслугите за нив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *