Верувајте, многу!
» Како бисер на техниката, Mercedes SLR McLaren ниту е евтин, ниту пак неговото одржување. Колку точно тоа чини ни открива мултимилионерот и колекционер на ретки и скапи автомобили Мени Гошбин, кој вели дека секоја година за сервис се плаќа по 5.000 долари, а секоја втора уште по 8.000. Тоа се оние редовните сервиси, за кои може да се каже дека се дури и евтини. Како пример го наведува менувањето свеќички за кое се потребни 30 работни часа, бидејќи моторот се вади надвор. Но ако притоа случајно се оштети поклопецот на моторот кој е од карбон, набавката на нов чини 75.000 долари. Впрочем, погледнете го видеото.