Tags: , , ,
Aston Martin DBS (1967-1972) – видео, фото галерија

Првиот потполно нов автомобил на Aston Martin во 18 години

» Aston Martin како дизајн партнер за развојот на DBS ја беше ангажирал италијанската Carrozzeria Touring која пред да банкротира успеа да направи два прототипа. После тоа задачата да креира гран-турер со помодерен изглед од претходната DB4 до DB6 серија модели на марката беше доделена на набрзина ангажираниот млад дизајнер Вилијам Таунс, што тој ја исполни со имплементирање на неколку карактеристични детали кои во тоа доба беа во мода. Но под кожата DBS не беше толку нов како што Aston Martin сакаше купувачите да поверуваат. Шестцилиндричниот 4,0 литарски мотор со 280 KS беше презеден од DB6, но и покрај за 200 kg поголемата тежина перформансите останаа импресивни – забрзување до 100 km/h за 8,5 секунди и максимална брзина од 240 km/h.

Во 1969 година во понудата беше додаден и V8 мотор од 5,3 литри со 320 KS благодарејќи на кој забрзувањето до 100 km/h изнесуваше 5,9 секунди а максималната брзина 257 km/h. Како и другите од DB серијата и DBS стекна слава како автомобил на Џејмс Бонд појавувајќи се во филмовите „Во служба на нејзиното височество“ и „Дијамантите се вечни“. Се произведуваше до 1972 година кога V8 верзијата беше редизајнирана и именувана едноставно како Aston Martin V8, кој опстана во понуда сé до 1989 година. Без овој модел, беа направени вкупно 787 примероци од DBS и DBS V8.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *