Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>16 март 1950 година

Првиот модерен Fiat

» Како и сите други, и Fiat после втората светска војна стартуваше со производство на предвоените модели – првиот новоразвиен автомобил беше моделот 1400 претставен на денешен ден 1950 година. Освен тоа, беше и првиот Fiat со самоносечка каросерија и со дизел мотор, а од него беше изведен и моделот 1900 кој на изглед беше скоро ист но имаше поголем агрегат. Исто така, со овој автомобил наменет главно за државните функционери и раководители, стартуваа со производство и Seat и Zastava.

Се произведуваше до 1958 година, освен во Италија, Шпанија и Југославија уште и во Австрија и Германија, а беа направени околу 77 илјади примероци. Го наследи нам добро познатиот Fiat 1300.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *