Кога е време за замена?
» Се разбира, сé најмногу зависи од длабочината на шарата, која во многу земји законски е пропишана колку минимално смее да изнесува, особено за зимските пневматици. Ако таа по целиот обем и целата широчина на пневматикот е испод пропишаното, тогаш време е за замена без разлика на староста. Но и да не е законски пропишано колку треба да биде длабока шарата на пневматиците, доколку таа достигне два милиметри тогаш не чекајте – заменете ги. Исто и ако забележите ситни пукнатини на бочните ѕидови или било какви недостатоци.
Ако пак шарата и генерално состојбата на пневматиците се добри, тогаш погледнете ја DOT ознаката за да ја проверите староста на пневматиците. Таа се наоѓа на бочните ѕидови и се состои од четири бројки – првите две неделата, а вторите годината во која се произведени. На пример 4212 значи дека тој пневматик е произведен во 42-рата недела во 2012 година, односно дека е стар точно осум години. Тоа е и времето кога да ги замените старите пневматици. Според стручњаците на германскиот авто-клуб ADAC исклучително ако тие се во одлична состојба можат да се користат уште две години, но со зголемена претпазливост бидејќи веќе ги изгубиле своите перформанси од кои зависи вашата и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
коментари: