Сериското производство од крајот на 2023-та
» АвтоВАЗ најави дека започнува со тестирањата на Lada e-Largus, чие пилот-производство ќе започне од крајот на 2023-тата во фабриката во Ижевск. Значајно за овој електричен автомобил е што има најголем процент локално произведени делови – околу 50%. Ќе се произведува и во патничка и во комерцијална изведба и ќе има синхрон електромотор со перманентни магнети со моќност од 150 KS. Литиум-јонските батерии се сместени во моторниот простор и таму каде претходно се наоѓаше резервоарот, со што е зачуван целиот простор за багаж од 560 литри. Автономијата изнесува 400 км, носивоста 430 кг, максималната брзина електронски е ограничена на од 145 км/х, а за забрзување до 100 km/h ќе требаат помалку од 10 секунди.