Неуспешен обид за креирање силна шведска автомобилска компанија
» Иако на средината на седумдесеттите и Volvo и Saab беа моќни компании со вкупни приходи од 5,8 милијарди долари и 93 илјади вработени, тие беа погодени од економската рецесија и високите трошоци за работната сила. Затоа и раководствата на двете компании започнаа разговори за спојување. И покрај оптимизмот, овој обид за креирање силна шведска автомобилска компанија заврши неуспешно, не само заради условениот висок процент на согласност од страна на акционерите.