Tags:
Регулаторната комисија за енергетика со повисоки цени на горивата ни посака среќна нова година

Нова година – нови повисоки цени на горивата

» Треба ли да бидеме благодарни на регулаторната комисија за енергетика која со повисоки цени на горивата ни посака среќна нова година бидејќи тие поскапеа помалку отколку струјата, парното греење и сé друго? На тоа прашање не смееме да ви одговориме, туку само ќе ви кажеме дека од ноќеска на полноќ ќе ги полниме резервоарите на нашите автомобили во просек за 2,17 отсто помалку бидејќи сите горива линеарно поскапеа за 1,50 денари. Во пари изразено тоа значи дека до наредното поскапување закажано за наредната недела за литар бензин 95 ќе плаќаме по 75, за литар 98 по 77 а за литар дизел гориво по 65,50 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *