Теренец направен да трае вечно
» На денешен ден пред 43 години Mercedes во околината на Тулон на новинарите ја претстави G-класата. Замислен и направен како воено возило кое може да совлада сé и да трае вечно, овој теренец настана како резултат на заедничката соработка со австрискиот Puch под сугестија на тогашниот ирански шах Реза Пахлави кој беше значаен акционер во германската компанија. Се работеше на него седум години и кога дојде време за претставување се појави проблем – не можеше да се најде доволно предизвикувачки полигон на кој возилото ќе може во целост да ги покаже своите теренски својства. Затоа и сосема невообичаено за тоа време презентацијата се одржа во Франција.
За тоа што требаше да покаже овој теренец со крута шасија, редуктор и три блокирачки диференцијали не треба да зборуваме – цел свет тоа добро го знае, како армискиот така и цивилниот. Производството му започна веднаш по презентацијата, во три каросериски изведби со две меѓуоскини растојанија и со по два бензински и дизел мотори. Во Австрија, Швајцарија, земјите од Источна Европа и Монголија се продаваше под знакот на Puch, а во остатокот од светот како Mercedes. Се произведуваше во Австрија, се монтираше уште во Алжир, Грција и Турција, а за потребите на француските воени лиценцно го произведуваше и Peugeot, со сопствени мотори.