Tags: , ,
Aston Martin DBX707: Нов крал на SUV-перформансите (видео)

707 расни грла за DBX

» После бројните најави, Aston Martin конечно ја престави перформансната верзија на DBX на чија ознака ѝ е додаден суфикс 707, кој јасно укажува на бројот расни грла што ги има под хаубата. На разочарување на најзаколнатите љубители на марката тие не се од домашната V12 ергела туку се увозни, од Германија, пристигнати од AMG во V8 пакување. Сепак не може да не бидат задоволни од она што го нудат – галопот до 100 километри трае 3,3 секунди, а ќе издржат максимални 310 километри на час. Овие бројки го прават Aston Martin DBX707 нов крал на перформансите како најмоќен и најбрз SUV на планетата. Нов е и менувачот кој сега е деветстепен, подобрено е ослонувањето а сопирачките се на ниво на перформансите што ги постигнува. Внатре и да има измени тие не се ни битни, а однадвор за што се работи покажуваат поагресивните аеродинамични додатоци. Цената му изнесува 189.000 фунти, а испораките ќе започнат за некој месец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *