Автомобилот со многу имиња
» На денешен ден 1993 година беше претставена втората генерација на Opel Corsa. Светот го виде најпрво под ознаките на Vauxhall, во Австралија беше лансирана како Holden Barina, а во Латинска Америка каде се нудеше и во седан, караван и пикап верзии, најчесто како Chevrolet Corsa. Во Бразил постоеја нејзини изведби со ознака Chevrolet Prisma и Celta, која пак едно време во Аргентина се продаваше како Suzuki Fun. Во Мексико и Колумбија се продаваше како Chevrolet Chevy односно Monza, a откако се појави третата генерација во некои јужноамериканските земји се нудеше како Chevrolet Classic односно Sail. Во Кина, пак, покрај со тоа име, се среќаваше и како Buick Sail и Meilu JJ7090, а во Јапонија како Opel Vita.