Tags: , ,
Morris JE (видео)

Безобразно скап ретро електричен комби

» Електрификацијата е на мода, а високата мода цена нема. Така мисли и британскиот Morris Commercial кој го претстави своето електрично комерцијално возило наречено ЈЕ. Ознаката, како впрочем и инспирацијата за дизајнот, доаѓаат од моделот Morris J-Type кој се произведуваше меѓу 1949 и 1961 година. Тогаш тој можеби бил пристапен транспортер наменет за од војната исцрпената Британија, но сега е најавен како премиум производ со сензационален стајлинг, исклучителна практичност и цена од 60.000 фунти. Со други зборови, новиот ЈЕ не е реплика на оригиналот, туку забавна и функционална модерна интерпретација со врвна технологија. Затоа и има каросерија од јагленородни влакна и лесна модуларна платформа. Носивоста му изнесува 1.000 kg, а зафатнината на карго просторот 5,5 кубни метри. За погонот се знае дека ќе има пакет батерии од 60 kWh, кои ќе му обезбедат автономија од околу 320 km.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *