Непризнат светски брзински рекорд
» За да го привлече потребното медиумско внимание кон новооснованата компанија која го носеше неговото име, Хенри Форд се наврати на еден од своите порано конструирани болиди со ознака 999. Со него, тој и неговиот механичар Ед Хаф на замрзнатото езеро Сент Клер во Мичиген на денешен ден 1904 година постигнаа 91,37 милји на час (147 km/h), но рекордот не им беше признат бидејќи брзината беше измерен после една милја а не после еден километар.