Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>2 јануари 1988 година

Lexus го слави 34-от роденден

» На денешен ден 1988 година на салонот на автомобилите во Лос Анџелес Toyota ги претстави името и логото на Lexus. Потребата за креирање нова премиум марка јапонските автокомпании ја увидоа на почетокот на деценијата. Тогаш јапонските возила важеа за екстремно практични и издржливи, но далеку од престижни и како извозот на возила беше ограничен со квоти, за да се заработи повеќе мораше да се продаваат поскапи модели. Така во најголема тајност Toyota започна со креирање луксузен автомобил кој ќе ги предизвика етаблираните премиум возила на американскиот пазар. Колку сериозно беше сфатена работата сведочи и фактот дека беше испратен тим истражувачи да живеат во Калифорнија и да ги набљудуваат животниот стил и вкусовите на поситуираните американски потрошувачи. Како име на марката меѓу 219 предлози беше избран зборот Lexus кој сам по себе не значи ништо, но силно асоцира на луксуз. Во развојот на првиот модел претставен ’89-тата учествуваа 60 дизајнери, 24 инженерски тима со вкупно 1.400 луѓе, 2.300 техничари и 220 помошни работници. Беа направени околу 450 прототипи и потрошени повеќе од милијарда долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *