Tags: ,
BMW се врати на тронот – стана најпродавана премиум марка во САД

BMW e на врвот, но ќе остане ли таму?

» Нема повеќе дилеми – BMW ја презеде премиум круната за најпродавана луксузна марка автомобили во САД испорачувајќи им во 2021-вата на Американците вкупно 336.644 возила. Оваа бројка е за 21 отсто поголема од онаа во 2020-тата и е на ниво од предпандемиската 2019 година. Веднаш зад него е Tesla која лани во САД има продадено 313.400 возила што е неофицијална бројка бидејќи Елон Маск не ги објавува податоците за продажба по региони. Но како и да е, бројките растат и кај и да е ќе ги стигнат оние на BMW. Не е далеку ниту Lexus со своите 304.475 продадени возила што е за 25 отсто повеќе од 2020-тата, додека Mercedes со 276.102-те испораки се задржа на нејзиното ниво. Audi пак ја заврши 2021-вата со 196.038 продадени возила во САД.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *