Подготовка за военото производство
» На денешен ден 1941 година, четири дена по јапонскиот напад на Перл Харбор, во САД беше забранета продажбата на нови автомобили со резервно тркало. Причината беа подготовките на индустријата за воено производство кое освен промената на асортиманот производи подразбираше и рационализација во трошењето на ресурсите, посебно суровините. После неполн месец, пак, беше целосно забранета и продажбата на автомобили на цивилни лица. Но рационализацијата не застана тука – беше донесена уредба еден возач да може да поседува максимално пет автомобилски гуми и сé што беше вишок беше конфискувано.