Tags: ,
BMW ја проширува понудата на електрични автомобили

Забрзано преминување на струја

» BMW беше еден од пионерите на електрификацијата на гамата, нудејќи го i3 уште од 2013 година. Но следеше голема пауза – сé до годинава, кога автомобилите со сино-белиот пропелер со крупни чекори продолжија со својот електричен пат кон иднината. Така ќе биде и понатаму – освен веќе претставените iX3, i4 и iX, во наредните две години треба да очекуваме уште два нови модела на струја, електричните изведби на сериите 5 и 7, кои ќе се произведуваат во фабриката во Динголфинг. После нив ќе следат и други, бидејќи целта на баварскиот производител е да има барем по еден електричен модел во скоро сите пазарни сегменти во кои настапува. Тоа треба да резултира со продажба на 10 милиони електрични автомобили во наредните 10 години. Во тоа ќе помогне и новата наменски развивана платформа за електричните возила, но која ќе може да прими и мотори со внатрешно согорување, вклучително и плаг-ин хибриди, како и горивни ќелии. Планирана за 2025 година, таа треба да биде исклучително флексибилна и конструирана така да на дизајнерите им допушта да подготват аеродинамичен дизајн со различити пропорции, бидејќи ќе биде наменета за широк дијапазон модели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *