Tags:
Бришачи на светлата – корисно решение или шминка

Било па поминало

» Седумдесеттите беа години кога сериозно започна да се размислува за безбедноста. Сигурносните појаси станаа стандардни, а сé почесто се зборуваше и за воздушните перници. На сцена стапи и ABS системот, но пред тоа стручњаците на Saab сфатија колку е важно светлата да се чисти. Млазниците што прскаат течност за стакла не беа доволно ефикасни заради слабиот притисок, па тие дојдоа до поефикасно решение – вградија бришачи на светлата. Овој изум за прв пат се појави во моделот 99 во 1970 година и веднаш беше прифатен од сите – од Volvo преку Mercedes и BMW до Škoda и Lada. Ова интересно решение сепак не беше толку корисно колку што се очекуваше. Механизмот ја намалуваше ефикасноста бидејќи делумно го покриваше светлосниот сноп, а се влошуваше и аеродинамиката. Затоа и повеќе се сфаќаа како шминка и статусен симбол на возилата на кои се вградуваа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *