Малку поинаков краш-тест
» Scania објави видео од тестирањето на безбедноста на батериите на електричен камион. Имено, во оваа фаза на електрификацијата најлогично место каде тие би се поставиле е од страните на шасијата после долниот дел од кабината, таму каде сега се резервоарите за гориво и системите за прочистување на издувните гасови. Меѓутоа, тие места се изложени на удари, заради што шведскиот производител на камиони реши да ја провери нивната безбедност. За тоа беше жртвуван Volkswagen Golf од претходната генерација. Како помина, погледнете во видеото.