Tags: , , ,
VW ја разгледува иднината на Bugatti, Lamborghini и Ducati

Промени од темел

» Појавувањето на вестите дека Volkswagen ќе му го продаде Bugatti на Rimac откри дека во германската групација се случуваат промени кои можеби ќе ја изменат нејзината стратегија. Според официјално непотврдени но добро информирани извори, директорите на VW во ноември ќе ја кројат иднината во која местата на имиџ-брендовите Lamborghini, Bugatti и Ducati сé уште не се дефинирани.

Стартната позиција е електрификацијата, која за големосериските возила е јасна. Проблем се гледа во моделите на споменатите марки, за кои треба да се разгледува дали воопшто треба да се одвојат ресурси и финансии за овој процес или пак да се примени некој друг рецепт. А тој може да биде преструктуирање, склучување на технолошки партнерства со некој кој ќе може да ги поднесе товарите за тоа, да се одвојат како посебни компании и да бидат котирани на берза па потенцијалните инвеститори да ја финансираат електрификацијата на нивната гама, или пак целосно или делумно да бидат продадени. Но најбитно од сé е што вистинската цел на највисокото раководство на Volkswagen групата е до 2025-тата да ја зголеми пазарната вредност на 200 милијарди евра, односно двојно како што велат тие иако во моментот, според вредноста на акциите, таа има капитализација од 78 милијарди евра. На ова треба да се додадат и тековните проблеми со обезбедувањето финансии, бидејќи синдикатите во Германија ги блокираа напорите за намалување на трошоците на грб на работниците.

Во 2019 година Lamborghini продаде 4.554 а Bugatti 82 возила, додека Ducati пласираше 53 илјади мотоцикли. Јасно е дека и покрај високата цена на нивните модели, овие бројки не делуваат доволно убедливо за да се инвестира во нивната (електрична) иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *