Да ја зачуваме планетата почиста
» Порано изборот беше бензин или дизел, а сега и хибрид или електрика, со цел да ја зачуваме планетата почиста. Но автомобилската индустрија како да заборави на уште една опција – компримираниот природен гас (CNG) односно метанот. Моторите кои работат на ова погонско гориво важат за еколошки – во споредба со бензин или дизел емитуваат за 25% помалку јагленород диоксид. Во случајот на Volkswagen Golf TGi тоа значи 111 до 117 g/km. Ова гориво има и поголема енергетска вредност, така што потрошувачката на ова возило опремено со 1,5 литарски мотор со 130 KS изнесува меѓу 4,1 и 4,3 kg метан на 100 километри, за кои во Македонија ќе платите 130-140 денари, односно колку 2,2-2,3 литри бензин или 2,6-2,7 лири дизел.
Проблем освен цената која VW не ја објави е складирањето на природниот гас, за што пре задната оска е вграден резервоар во кој под висок притисок собира 17,3 kg метан доволни за поминување 400 km. За секој случај, вграден е и резервоар за бензин од 9 литри.