Tags: ,
Британските власти сé построги

Без мобилни, молам!

» Британските власти планираат да ги заострат прописите за телефонирање за време на возењето со тоа што во иднина возачите нема да смеат ни да држат мобилен телефон во рацете. Причините можете лесно да ги погодите кои се – сé поголемиот број сообраќајни несреќи заради користење на телефонот, не само за зборување. Според сегашните правила во Велика Британија е забрането користењето на мобилен за разговор или праќање пораки за време на возењето, но сé останато е сива зона во која тражењето музика, играњето игри, снимањето филмчиња или фотографирањето не беа изричито забрането. Сега на сето тоа ќе му дојде крај – единственото што возачите можат да го користат се хендс-фри уредите за разговори, без воопшто да смеат да го земат телефонот во раце.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *