Неочекувана, но логична вест
» Од американската филијала на Volkswagen стигнуваат вести дека се ближи крајот на производството и продажбата на Passat во фабриката во Чатануга, Тенеси. Причината е агресивниот пазарен притисок на електричните возила за кои мора да се најде место во погоните. Да беше некое друго време за нив ќе се изградеа нови фабрики, ама сега како е, некој модел ќе мора да се жртвува за нив. Така, за да може новиот ID.4 од 2022 година да се произведува во САД за што ќе се инвестираат 800 милиони долари, Passat ќе мора да се пензионира.
Колку и да звучи оваа вест неочекувана сепак е логична, посебно откако Ford во целост ги исфрли седаните од своите американски ценовници.
коментари: