Tags: , , ,
Луксуз, многу луксуз и уште повеќе технологии (мега галерија, 169 фотографии)

Респект од секој аспект

» Mercedes го претстави моментално најлуксузниот и технолошки најнапредниот свој модел. Ги има ознаките на Maybach и базиран е на новата S-класа, од која се разликува веќе на прв поглед. Двобојната каросерија е опција, но не и меѓуоскиното растојание кое е за 18 сантиметри поголемо од продолжена верзија на овој модел. Сета таа должина е искористена за патниците назад, кои можат да бидат само двајца. На раскошот испреплетен со луксузот слугуваат бројните можности и технологии, почнувајќи од подесувањето на нагибот на наслонот на седиштата меѓу 43,5 и 19 степени до електричното затворање на задните врати. За бесшумното возење се грижи специјалниот акустичен систем за намалување на звуците кои доаѓаат однадвор, а за оние одвнатре Burmester High-End 4D Surround Sound аудио системот со 30 звучници и 1.740 W.

За погон ќе бидат задолжени неколку мотори опции во зависност од пазарот, од кои до појавувањето на плаг-ин хибридната група единствениот вистински ќе биде 6,0 литарскиот V12 со 630 KS кој преку 9-степен менувач ќе ги задвижува сите тркала, од кои и задните се управливи. Цената сé уште не му е позната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *